Пронајден машки труп во распаѓање во близина на Кавадарци

од Stefanija Kuzmanovska
264 прегледи

На спореден пат кај Тиквешкото Езеро во близина на Кавадарци, синоќа беше пронајден патнички автомобил со битолски регистарски ознаки и тело на починато машко лице во распаѓање, соопштија денеска од Jавно обвинителство на Република Северна Македонија.

Поради лошата пристапност на теренот, полициски екипи од ОВР Кавадарци и СВР Велес денеска извршиле увид на лице место.

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издал наредби за обдукција на телото на починатиот со цел да се утврдат причините за смртта, како и за ДНК анализа со која ќе се утврди неговиот идентитет,“ се појаснува во соопштението од службата за односи со јавноста на Jавното обвинителство.

Слични содржини