Џеј Ло воодушеви во цветен фустан – одлична комбинација за летните денови (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Џенифер Лопез во последните денови беше цел на папараците и поради венчавката со Бен Афлек и поради нејзиниот стајлинг кој е вистинска модна инспирација.

Џенифер пред неколку дена со семејството го посетила Капри, популарното одморалиште во Италија, а за нејзините модни изданија и понатаму се зборува.

Таа се појави во светло син фустан со прерамки, кој имаше машнички како украс, а цветниот дезен му даде посебен шмек на овој аутфит.

Со цветниот фустан госпоѓа Афлек избра чанта Хермес и високи потпетици.

Слични содржини