Во Франција 2.171 лице заразено со мајмунски сипаници

од Stefanija Kuzmanovska
138 прегледи

Во Франција, 2.171 лице е заразено со мајмунски сипаници, изјави во вторникот министерот за здравство Франсоа Брон.

Брон рече дека Франција е една од првите земји што почна да нуди бесплатна вакцинација против болеста и дека досега се испорачани 42.000 дози.

Франција има доволно дози за да вакцинира целна популација од околу 250.000 луѓе, додаде Брон.

Слични содржини