Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис објави дека клубот нема намера да привлекува играчи од Африка оваа година. Причината за тоа е што повеќето од нив ќе учествуваат на Африканскиот куп на нации во јануари 2023 година и нема да бидат достапни на тимот за тоа време.
„Ги предупредив да не ми нудат повеќе играчи од Африка. Ги сакам, но ако не потпишат некаков документ да одбијат да учествуваат на Африканскиот куп, нема да привлечам такви играчи. За време на овој турнир тие се постојано отсустни. Мораме да сме идиоти за да им плаќаме плати на играчите кои патуваат низ светот за да играат на други места“, напиша Де Лаурентис.
Шефот откри и дека пред години имал понуда од американски инвеститори да ги купат акциите на Наполи за 900 милиони евра, но ја одбил нивната понуда.
„Во последниве години, инвестициските фондови станаа модерни. Тие треба да им гарантираат на своите инвеститори одреден профит во следните пет години. Некои од нив видоа дека фудбалот им даде можност да ја удвојат својата инвестиција со купување клубови и потоа да ги препродадат по неколку години. Токму тоа се случи со Милан и Интер, нели? И мене ме нападнаа такви средства, едноставно не можам повеќе да издржам. Во 2017-18 американски фонд ми понуди 900 милиони евра за Наполи. Но тие не сфаќаат дека спроти нив има претприемач, кој ја сака играта, па оставете ме да играм“, откри бизнисменот.