Порфирије и Абазовиќ го потпишаа Темелниот договор, Ѓукановиќ најави гласање недоверба на Владата

од Stefanija Kuzmanovska

Темелниот договор меѓу Црна Гора и Српската православна црква (СПЦ) е потпишан утрово, на 3 август, во 10 часот, објави премиерот Дритан Абазовиќ на својот профил на Телеграм.

Без претходна најава и без присуство на новинари, утрово во Подгорица пристигна патријархот на СПЦ Порфирије Периќ. Под силно полициско обезбедување е државната вила Горица каде што беше потпишан Темелниот договор.

Владата на Црна Гора официјално не го објави датумот на потпишување на Темелниот договор, а премиерот Дритан Абазовиќ ги демантираше неофицијалните информации дека потпишувањето е закажано за 3 август. Министерот за правда Марко Ковач во изјава за РТЦГ на 2 август рече дека не знае кога ќе биде потпишувањето.

На потпишувањето на Темелниот договор прва реагираше Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ, која најави дека денеска ќе покрене иницијатива за гласање недоверба на Владата на Дритан Абазовиќ.

Договорот потпишан денеска, кој е против Уставот на Црна Гора, ќе биде суспендиран веднаш по изборот на новата Влада.

„Договорот потпишан денеска, а кој е спротивен на Уставот на Црна Гора, ќе биде суспендиран веднаш по изборот на новата Влада“, се наведува во соопштението на ДПС.

ДПС на Ѓукановиќ, како најголема партија во парламентот, досега ја поддржуваше малцинската Влада на Дритан Абазовиќ и ја даваше потребната поддршка во Собранието за нејзино функционирање.

Слични содржини