Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека САД не се приклучиле на продолжувањето на преговорите за нов договор за намалување на стратешкото нуклеарно вооружување, што ќе го замени договорот познат како „Нов СТАРТ“ од 2011 година.
„Им стана навика да ги објавуваат работите преку микрофон, а потоа да заборават на нив. Тие не се обидоа да контактираат со нас за да го рестартираме преговарачкиот процес“, рече Лавров, пренесе „Ројтерс“.
Американскиот претседател Џозеф Бајден претходно истакна дека е подготвен „ефикасно да преговара за нова рамка за контрола на вооружувањето“, која ќе го замени Новиот СТАРТ кога ќе истече во 2026 година, наведува британската агенција.