Раководството на Барселона веќе преговара со адвокатите на холандскиот интернационалец Мемфис Депај за раскинување на неговиот договор, објави популарниот италијански спортски новинар Фабрицио Романо.
Се поневеројатна изгледа опцијата играчот да биде продаден за околу 20 милиони евра, што беше желба на каталонскиот гигант.
Поради оваа причина „блаугранас“ веќе се помириле и се согласуваат да се разделат со него без пари.
Според информациите, Депај ќе прифати предвремен раскин на договорот со Барселона само доколку најде соодветна опција за продолжување на кариерата. Тој има уште една сезона од актуелниот договор со шпанскиот тим.