„ВМРО-ДПМНЕ на Мечкин камен свесно го сквернавеше Денот на републиката, државниот празник го злоупотребуваше во дневно партиски цели“, вели денеска на прес Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„На тој начин ВМРО-ДПМНЕ погази по идеалите на Крушевскиот манифест, ги погази жртвите од Илинденското востание, дадени за слободна држава.
Исто постапуваше и Христијан Мицкоски кој наместо да се појави на некое од најважните локации, тој Илинден го чествуваше приватно, осамен и опкружен единствено со едвај стотина негови поддржувачи.
Мицкоски му кажа НЕ и на Илинден и на таков свечен ден не пропушти прилика да сее омраза и поделби меѓу граѓаните“, посочи таа.