Премиерлигашите повеќе нема да клечат пред почетокот на секој натпревар за да покажат солидарност во борбата против расизмот, туку тоа ќе го прават „во значајни моменти“, објавија во средата капитените на тимовите од англискиот премиерлигаш.
„Одлучивме да избереме важни моменти во сезоната што би ги одбележале со клекнување за да нагласиме колку сме обединети против сите форми на расизам и со тоа ќе продолжиме да покажуваме солидарност за постигнување на заедничката цел“, се вели во нивното соопштение.
„Остануваме решени да ги искорениме сите расни предрасуди и да создадеме инклузивно општество кое негува почит и еднакви можности за сите“, додадоа капетаните.
Фудбалерите во Премиер лигата го воведоа обичајот да клечат пред почетокот на секој натпревар, откако Афроамериканецот Џорџ Флојд беше убиен од бел полицаец во САД во 2020 година.
Фудбалерите во англискиот шампионат ќе клечат и на првиот и последниот натпревар од првенството и пред почетокот на натпреварите во рамки на кампањата „Нема место за расизам“.