Трамп ја погребал поранешната сопруга на својот терен за голф поради даночни олеснувања?

од Nikola Popovski
171 прегледи

Ивана Трамп, поранешната сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е погребана на 32 километри од неговиот терен за голф во Њу Џерси, а инсајдерски извори на американскиот „Vanity Fair“ наведуваат дека е можно Трамп да ја погребал Ивана на својот голф терен поради даночни олеснувања.

Американските медиуми пишуваат дека, според законите на сојузната држава Њу Џерси, земјиштето што се користи за погребување е ослободено од плаќање голем број даноци, меѓу другото и за недвижен имот, наследство и приходи, па така е и случајот со Хакестон. имот на семејството Трамп, кој е оддалечен само 20 милји или 32 километри од местото каде што е погребана Ивана Трамп.

Брук Харингтон, социолог од Универзитетот во Дортмут и авторка на книга за начините на кои најбогатите избегнуваат да плаќаат даноци, изјавила дека е скептична во врска со гласините дека Трамп ја закопал својата поранешна сопруга поради даночни олеснувања, но дека по истражувањето на законите на Њу Џерси, таа била убедена дека тие навистина го овозможуваат тоа.

-Законите не прецизираат минимален број на погребувања за олеснување што треба да се примени, нагласила Харингтон.

Ивана Трамп почина минатиот месец откако падна по скали, најверојатно откако се онесвестила.

Слични содржини