Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, зборуваше за Sky Sports пред неговото деби во Премиер лигата против Вест Хем во недела. Норвежанецот откри зошто го избрал англискиот шампионат и зошто никогаш не поставува цели.
„На крајот на денот, се работи за тоа како се чувствувате. Кога сакате нова работа, размислувате за тоа како би се чувствувале на таа нова работа. Стадионите, атмосферата и ривалството на теренот се работи за кои навистина ми се допаѓаат во Англија. Чувството на играта, темпото ќе биде високо, а тоа е и шармот на Премиер лигата и затоа е најпопуларната лига во светот“, изјави Халанд за Sky Sports.
Норвежанецот е уверен дека Манчестер Сити е совршено место за продолжување на неговиот развој како напаѓач и открива дека неговиот прв гол за клубот – на претсезонската турнеја против Баерн Минхен – бил резултат на долгогодишни тренинзи.
„Ако го погледнете мојот гол против Баерн (Минхен), јас ја гледам токму оваа ситуација во мојата глава многу години. Не ми е важно како ќе постигнам гол – со шут од далеку, одблизу секој гол е вреден. Јас сум играч кој е гладен за голови, кој дава 100% и кој сака да победи на секој натпревар. Надвор од теренот, тивок сум, сакам да се смеам и да се забавувам, но јас сум навистина мирна личност“, додаде тој.
Поранешниот напаѓач на Борусија (Дортмунд) е амбициозен, но не сака да поставува конкретни цели. „Никогаш не си поставувам цели за себе. Најважно е да се претставам добро на теренот и да победувам во натпреварите. Тоа прашање ми го поставуваат секој пат, но никогаш не одговарам“.