Лукаревска за уставните измени: Има пратеници во опозицијата кои знаат што значи оваа шанса

од Nikola Popovski
259 прегледи

Директорката на УЈП и потпретседателка на СДСМ, Сања Лукаревска смета дека во моментот не е потребен референдум.

-Што ќе биде прашањето? Во Собранието јасно ги имаме поставени црвените линии со 68 гласа дека го имаме македонскиот јазик, идентитет и дека историските прашања се надвор од преговарачката рамка. кое прашање тогаш треба да го поставиме за на референдум? Ние ја имавме Првата меѓувладина конференција и треба да си ги изработиме домашните задачи и каде треба да се подобриме, односно да направиме соодветни реформи. Сега ако зборуваме за референдум, во ваков период, не е ниту време, ниту место, вели Лукаревска во емисијата „Жешко политичко лето“.

Целта е една и единствена, а тоа е ЕУ агендата, додава Лукаревска како одговор на прашањето околу евентуалнто отворање на Уставот за внесување на бугарското малцинство.

-Оптимист сум дека во Парламентот има прогресивни сили кои знаат што значи оваа шанса што не смееме да ја пропуштиме. Сметам дека има пратеници во опозицијата и во другите политички партии кои што ги претставуваат граѓаните и треба да ја кренат раката, бидејќи не смеат да ја попречат ЕУ перспективата. Разумот е европската идеја, немаме време за блокади и уназадување, подвлече Лукаревска.

Слични содржини