Европскиот клупски шампион, Реал Мадрид е заинтересиран за напаѓачот на РБ Салцбург, Бенјамин Шешко, според Onda Cero.
Во 19-годишниот Словенец раководството на „белиот балет“ гледа долгорочна замена за напаѓачот Карим Бензема.
Интерес за Шешко покажуваат и Манчестер Јунајтед, Челси, Њукасл и Борусија (Дортмунд).
На 39 натпревари за РБ Салцбург, напаѓачот има 12 гола и 8 асистенции. Договорот на играчот со клубот е до јуни 2026 година.