Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај е подготвен да го напушти клубот. Интерес за него покажува Јувентус. Сепак, нема да биде лесно да се постигне договор, бидејќи Барса сака или да го продаде Холанѓанецот или да го пренесе со опција за откуп, а Јуве сака да го земе на позајмица.
Челси, Тотенхем и Евертон исто така ја следат ситуацијата околу 28-годишниот фудбалер. Тој е дециден дека доколку си замине од „Камп Ноу“, тоа ќе биде само во насока на клуб кој учествува во Лигата на шампионите.
Депај постигна 12 гола во Ла Лига минатата сезона, но по ѕвездената селекција на Барса ова лето, тој излезе вишок. Не би било изненадувачки доколку клубот сака да го раскине неговиот договор и да го ослободи како слободен играч.
На Депај му беше одземен и бројот 9 кој сега ќе му припадне на Роберт Левандовски.