СНИМКА од „автобусот на смртта“ 7 минути пред кобната несреќа

од Stefanija Kuzmanovska
414 прегледи

На социјалните мрежи се појави снимка од надзорна камера од клучката Брезнички Хум, која 7 минути пред несреќата го „улови“ полскиот автобус кој сообраќал кон Загреб, кој потоа доживеа несреќа на автопатот.

На видеото не се гледа никакво необично однесување на возачот.

Неколку минути подоцна автобусот излетал од автопатот при што загинаа 12 патници.

Според информациите што ги изнесе министерот за здравство, Вили Берош, на вонредна прес-конференција во Вараждин, 19 лица се тешко повредени, а 13 полесно.

Како што беше утврдено, сите жртви се полски државјани.

На местото на инцидентот излегол заменикот на жупанискиот државен обвинител во Вараждин и во соработка со полициски службеници спроведува истрага.

Сообраќајот на делницата од автопатот во правец кон Загреб, од клучката Брезнички Хум до клучката Комин, се одвива по една коловозна лента.

Слични содржини