Во тетовска гимназија пронајден пиштол

од Stefanija Kuzmanovska
184 прегледи

На 05.08.2022 во 10:20 часот во СВР Тетово, вработена во гимназијата „7-ми Март“ во Тетово пријавила дека при чистење во кругот на училиштето бил пронајден пиштол „Eкол фират магнум“ калибар 9 мм со празна рамка во пиштолот.

Увид извршила екипа од СВР Тетово, а пиштолот бил подигнат за понатамошна постапка.

По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини