Руската новинарка Асмалова прогласена за персона нон грата на Косово

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, соопшти дека руската новинарка Дарија Асмалова е прогласена за персона нон грата и дека ѝ е забранет влез на Косово во траење од пет години.

„Како министер за внатрешни работи, во рамките на моите законски овластувања, ја прогласив Дарија Асмалова за непожелна личност во Република Косово. На ова лице му е забранет влез на територијата на Република Косово пет години“, напиша Свечља.

Според него, секој што ќе му наштети или ќе се обиде да го дестабилизира Косово со одредени цели или директиви, несомнено ќе се соочи со силата на законот.

Косовскиот министер во саботата изјави дека Асмалова е приведена на граничниот премин со Србија.

Таа е обвинета од многу земји дека била ангажирана во шпионажа за руските воени разузнавачки служби и дека дејствувала под маската на новинарка.

Слични содржини