Кевин Федерлајн, поранешниот сопруг на Бритни Спирс, изјави дека би сакал нивните синови Шон и Џејден да се смират со нивниот дедо, односно таткото на поп пејачката, но и дека децата со месеци избегнуваат да се видат со нивната мајка.
„Апсолутно би сакал Џејми да се врати во животот на нашите момчиња. Особено ако тие го сакаат тоа“, рекол Кевин, пренесе „Дејли мејл“.
Иако Џејми моментално има забрана за приближување на неговите внуци, Кевин тврди дека „не мисли ништо лошо“ за својот поранешен таст.
„Луѓето прават грешки. Жал ми е за него“, рече тој.
Имено, пред три години, Федерлајн побарал судска наредба за забрана за приближување откако Џејми наводно физички го нападнал Шон.
„Децата не сакаат да ја гледаат Бритни“
„Поминаа неколку месеци откако последен пат ја видоа. Намерно ја избегнуваат. Не сакаа да одат на нејзината венчавка“, рекол тој.
Спомна и дека тие се чувствуваат непријатно, бидејќи Бритни објавува разголени фотографии на Инстаграм и верува дека старателството на Џејми ја „спасило“.
Се огласи и Бритни
По неговите изјави, пејачката се огласи на Инстаграм.
„Тажно е да го слушам мојот поранешен сопруг како зборува за односот помеѓу мене и моите деца. Како што сите знаеме, никому не му е лесно одгледувањето на тинејџери. Загрижена сум што своето мислење го засновал на мојот профил на Инстаграм. Им дадов се… Едноставно, мајка ми ми рече дека треба да ги дадам на нивниот татко…“, напиша Бритни.
Да потсетиме, Кевин и Бритни беа во брак од 2004 до 2007 година.