191
Поранешниот англиски напаѓач и сегашен ТВ-коментатор, Гери Линекер го изрази своето воодушевување од дебито на норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд за Манчестер Сити.
Халанд постигна два гола во победата на „граѓаните“ над Вест Хем од 2:0 во првото коло од Премиер лигата.
„Тој е незапирлив. Вистински напаѓач, ќе има многу голови на својата сметка. Исклучителен талент“, прокоментира Линекер.