„Јужновардарска долина, Конско, Теарце, Конопница, Пишица, Славишко поле, Чаушица, Равен Речица…долга е редицата на капитални водостопански проекти започнати, од кои дел се во тек, а дел завршени. Додека ВМРО ДПМНЕ ги оставаше на цедило земјоделците да молат за капка вода за своите посеви, а фамилијата си ги полнеше џебовите, со кое лице се појавуваат лред земјоделците и глумат загриженост за нив?“, прашуваат од СДСМ.
„СДСМ е партија која ги слуша критиките и која отворено зборува за сите проблеми. Истовремено, СДСМ е партија која нуди соодветни и одржливи решенија за сите проблеми.
Да ти потсетиме земјоделците, дека постоеше време кога субвенциите беа механизам за уценување и купување на гласови пред избори. Дека до субвенции не можеше да дојде секој, туку само тие што беа на списоци од тефтерчињата по штабовите на ДПМНЕ.
Дека теркот “прв дојден, прв услужен” беше механизам за доделување грантови само на партиските членови кои имаа “дојава” од штабот. Најстрашни беа оние сведоштва кои кажуваа по колку пари требало да платат за да стигнат до некоја финансиска помош од државата.
Корупцијата цветаше во земјоделскиот сектор. Во секоја пора од системот!
На сето тоа му ставивме крај во 2017 година, најпрвин одземајќи ја концесијата на најплодните земјишта од страна на лажните земјоделци или таканаречените тајкуни на ДПМНЕ кои со години го цедеа буџетот за субвенции и си ги полнеа џебовите пред очите на вистинските земјоделци, кои немаа ни на кого да се пожалат бидејќи тогашната власт ги штитеше своите финансиери. Оттогаш наваму земјоделското земјиште оди во рацете на вистинските земјоделци, оние кои ја работат земјата и печалат за своите семејства.
Земјоделци, вие подобро знаете отколку тие што мислат. Нека не ви сејат магла мислејќи дека ќе заборавите низ какво премрежие поминувавте со такви “душебрижници” на чело на институциите.
СДСМ беше и ќе остане сигурен партнер на земјоделците“, се додава во реакцијата.