Ливерпул има план за Брозовиќ

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Ливерпул планира понуда за играчот од средниот ред на Интер, Марсело Брозовиќ.

Според Calciomercato, „црвените“ се подготвени да понудат некој помеѓу Роберто Фирмино и Наби Кеита во замена.

Јирген Клоп тврди дека има доволен број играчи од средниот ред, но се покажа дека на стартот на сезоната не може да смета на многу од нив. Кертис Џонс, Алекс Окслејд-Чембрлен и Наби Кеита се надвор од терените поради различни причини, додека Тиаго Алкантара заработи уште една повреда за време на саботниот дуел со Фулам.

По средбата, Клоп повторно беше запрашан дали ќе се обиде да ангажира нов играч од средниот ред. Тој изјави дека непредвидените проблеми со повредите нема да ги променат неговите трансфер планови, но прозорецот е се уште отворен и доколку има добра можност, клубот може да ја искористи.

Повеќето медиуми на Островот веруваат дека Ливерпул сега нема да направи голема инвестиција за играч од средниот ред бидејќи следното лето планира да потроши голема сума за Џад Белингем. Токму поради ова на „Енфилд“ размислуваат да понудат размена на играчи.

Фирмино, кој има уште 12 месеци од договорот во клубот, стартуваше против Манчестер Сити и Фулам, но покажа дека е далеку од својот врв и со Дарвин Нуњез и Диого Жота на располагање, веројатно ќе добие многу помалку шанси. Сепак, самиот играч пред извесно време изјави дека сака да остане во клубот.

Договорот на Наби Кеита истекува за една година, но се тврди дека многу брзо би можел повторно да потпише нов. Меѓутоа, ако целта е да се има поголема длабочина во средниот ред, се чини чудно што Ливерпул би се разделил со еден играч од средниот ред за да потпише со друг.

Во март, 29-годишниот Брозовиќ повторно потпиша со Интер на уште четири години. Calciomercato тврди дека клубот би можел да биде склон да се раздели со него, иако тој е исклучително важен играч за „нероазурите“, поради финансиски проблеми.

Слични содржини