ФОТО: Северина во проѕирен фустан кој визуелно ја стеснува женската силуета

од Stefanija Kuzmanovska
327 прегледи

Северина секогаш привлекува внимание со своите комбинации – без разлика дали е на црвениот тепих, на сцена или на социјалните мрежи споделувајќи изданија од приватни моменти.

Таа на својот Инстаграм сподели и едноставна, но многу впечатлива комбинација во која неодамна настапи на фестивалот Велика Полона во Словенија.

Иако не и се потребни никакви модни трикови за визуелно да ја стесни женската силуета, Северина за оваа пригода избра фустан со овој ефект.

Таа носеше црн плетен памучен фустан Morana со вертикални пруги од колекцијата на Eltier Studio’s Resort што дополнително ја издолжи нејзината фигура. Моделот на фустанот без ракави и со длабоки шлицови на колковите и овозможи слободно да се движи на сцената.

Проѕирниот модел на црниот фустан беше споен со црни сандали со отворени прсти со вртоглава потпетица во која хрватската пејачка се движеше без проблем.

Слични содржини