Адам Вокер од Велика Британија засекогаш ќе му биде благодарен на јатото делфини што го спаси од напад на голема бела ајкула на брегот на Нов Зеланд.
Адам пливал во водата кога недалеку од него се појавила огромна ајкула, која веројатно би го нападнала доколку делфините не му дошле на помош.
Делфините формирале заштитен прстен околу Адам, спречувајќи ја ајкулата да му се доближи.
„Случајно погледнав и видов ајкула, беше неколку метри под мене. Се обидов да не паничам“, рече Адам.
„Мислам дека ме штитеа и сакаа безбедно да стигнам до мојата дестинација. Секогаш ќе го паметам ова пливање“, изјави Адам.
Делфините, држејќи се во јато, се бранат од напади на ајкули, а смелите суштества често го вознемируваат предаторот и го бркаат.
Никогаш нема да дознаеме дали делфините го направиле тоа за да го одбранат Адам, но сепак ја избркале ајкулата од него.