Новиот сопственик на Челси зборувал со Де Јонг

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Новиот сопственик на Челси, Тод Боли, лично му се јавил на телефон на играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг за да го убеди да ја прифати понудата на лондончани и да заигра на „Стемфорд Бриџ“.

Според информациите во Шпанија, разговорот бил прилично долг, но сите аргументи на Американецот се покажале залудни, бидејќи Де Јонг уште еднаш категорично изјавил дека нема желба да ја напушти Барселона.

Трансфер сагата околу Холанѓанецот продолжува цело лето, а тој е цел број 1 на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг. Барселона и 20-кратниот шампион на Англија дури постигнаа договор, но неподготвеноста на играчот да го напушти својот сегашен тим го закочи договорот.

„Црвените ѓаволи“ веќе го свртеа вниманието кон Адриен Рабио, кој наскоро треба да стане играч на Манчестер Јунајтед.

Слични содржини