„Путин не игра според правилата, неправедно ја затвори Бритни Грајнер“

од Nikola Popovski
216 прегледи

Американската кошаркарка Бритни Грајнер неодамна беше осудена на девет и пол години затвор во Русија, бидејќи во патната торба имала масло од канабис.

Затворањето на познатата кошаркарка предизвика многу полемики во светските медиуми, а сега се огласи и Беки Хемон, Американката која во 2008 година доби руско државјанство и има богата играчка и тренерска кариера.

Со руската репрезентација освои бронзен медал на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и сребрен медал на Европското првенство во Летонија во 2009 година, но тоа не ја спречи да го критикува претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Тешко е кога вашиот противник не игра според правилата или прави свои правила. Неправедно ја затвори Бритни, неправедно изврши инвазија на суверена држава. Мислам дека не игра според правилата“, рече Беки Хамон, најголемата тренерска ѕвезда во САД, алудирајќи на Путин.

Политичарите од Америка и Русија наскоро треба да разговараат за размена на затвореници, поточно Бритни Грајнер, Пол Вилан (одлежува 16 години затвор за шпионажа) и Виктор Бут (уапсен за оружје).

Што се однесува до Беки Хамон, таа моментално раководи со асовите на Лас Вегас, кои играат во ВНБА. Од 2014 до 2022 година му беше помошник на Грег Попович во Сан Антонио Спарс, а во текот на нејзината играчка кариера настапуваше за Њујорк Либерти и Сан Антонио Старс, поточно ЦСКА Москва, Надежда од Оренбург и Спартак Москва.