ФИФА е подготвена да го одложи почетокот на Мундијалот за еден ден за домаќинот Катар да го отвори Мундијалот, објави аргентинскиот „Диарио Оле“.
Според досегашниот распоред, натпреварувањето требаше да го отворат Сенегал и Холандија на 21 ноември, но според се, Катар прв ќе излезе на терен против Еквадор ден порано во 19 часот.
Тоа наводно ќе биде единствениот дуел на 20 ноември, а утредента ќе се играат натпреварите според распоредот (Сенегал – Холандија, Англија – Иран и САД – Велс).
Оваа одлука мора да ја потврди извршниот одбор на Светата куќа на фудбалот, но според некои странски медиуми тоа ќе биде само формалност за да се почитува традицијата.
Домашната селекција го отвора секој турнир од 2006 година, а претходно актуелниот светски првак обично го играше првиот натпревар.
Финалето е закажано за 18 декември.