Костовски: Функционери на ВМРО-ДПМНЕ летуваат на луксузни локации, а глумат загриженост за економскиот стандард

од Vladimir Zorba
255 прегледи

„Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо освен лицемери и лажговци. Додека наводно се загрижени за економскиот стандард на граѓаните, високи функционери на оваа партија летуваат на луксузни локации“, соопшти денеска Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Портпаролот Димче Арсовски кој на прес конференции глуми загрижен за економската состојба, својот летен одмор го минува во Монте Карло.

Јавно објавени фотографии покажуваат дека тој заедно со сопругата се на плажата Ники во Монте Карло, монденско место на кое летува светскиот џет – сет.

Колку е скапо ова задоволство на Арсовски покажува и менито во ресторанот на плажата, каде една порција оброк достигнува и до 98 евра“, вели тој.

Слични содржини