РКЕ ќе носи нова одлука за цените на горивата

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред е и точка за носење одлука за нови цени на нафтените деривати што ќе бидат на сила од полноќ.

Со последната одлука на РКЕ донесена во понеделникот горивата поевтинија од два до 3,5 денари за литар.

Со тоа литар ЕУРОСУПЕР БС-95 чини 90 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 се продава за 92, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 90 денари, а Екстра лесното масло (ЕЛ-1) за 87,5 денари за литар.