Д-р Петличковски: Мигрантот хоспитализиран на Инфективна е негативен на мајмунски сипаници

од Nikola Popovski
206 прегледи

Ова не е нов ковид. Не очекуваме драматичен развој и некакво сериозно ширење на оваа болест. Вториот случај денеска е хоспитализиран во Инфективната клиника. Тој е тестиран и резултатот е негативен. Што се однесува до првиот случај со пациентот од Кичево, се уште немаме примерок и се обидуваме да го организираме тестирањето. Се надеваме до крајот на неделата, ќе имаме резултат од тоа тестирање, вели претседателот на Комисијата за заразни болести (КЗБ) д-р Александар Петличковски околу сомнителните случаи на мајмунски сипаници.

Петличковски појаснува дека вториот случај што е хоспитализиран всушност е мигрант.

-Епидемиолошките служби преземаат мерки за анкетирање на блиските сопатници на случајот, но тоа беше уште пред да го добиеме негативниот тест на лицето, така да сега овие мерки повеќе не важат, појаснува докторот.

Тој посебно нагласи дека мајмунските сипаници е болест која не се пренесува така лесно, заради што не треба да се создава паника.

Слични содржини