169
Македонскиот претставник во квалификациите од Конференциската лига Шкендија го заврши настапот откако по изведување пенали е елиминиран од АИК на арената „Тодор Проески“. Црвено-црните“ загубија од Швеѓаните со 2-3 во пенал-рулетот, откако првиот натпревар во Стокхолм заврши со идентични (1-1), како и вечерва во регуларниот дел.
Ферхан Хасани донесе водство за Шкендија во 22.минута, но АИК стигна до израмнување во 56.минута, откако Захов лошо боксуваше топка од петерецот.
Пенал-серијата започна одлично за Шкендија со промашување на Ларсон, но потоа Дита, Дориев и Хасани не успеаа да постигнат голови, со што заврши евросезоната за тимот од Тетово.
АИК сега ќе игра со Словачко за пласман во натпреварувањата по групи.