Во моментов нема активни пожари, информираа утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во текот на последното деноноќине, биле изгасени 12 пожари.
-Изгаснати се два пожара во општина Бутел и еден во општина Гази Баба. Десет пожарникари со три противпожарни возила синоќа од 18:05 до 21:00 часот го гаснеле пожарот на булевар „Христијан Тодоровски – Карпош“ – Раштански лозја, каде гореше сува трева, појаснуваат од ЦУК.
Од таму додаваат дека е реагирано и кај Градско- С.Ногоевци, при што горела иска вегетација, шавар, багрем, и јасика, 1 ПП возило и 5пожарникари, од 14:00 од 18:15.
„Ресен- с Курбиново, ниска вегетација и јаболкиви насади, 5 ПП возило и 15 пожарникари од ТППЕ Ресен, 1 возило за дотур на вода од Комунално Претпријатие, 1 возило и 8 вработени од Национални Шуми, 1 возило и 4 Ренџери од Ренџерска служба, 1 возило и 2 вработени од Национален парк – Пелистер, 1 возило и 1 вработен од општина Ресен и месно население од 20:45.
Битола-Стаеиот млин – патот Битола – Прилеп, стрниште. 1 пп возило и 2 пожарникари, од 09:41 до 11:25.
Новаци-С. Горно агларци, сува трева, 1 пп возило и 2 пожарникари од 14:07 до 15:20.
Прилеп-С.варош,сува трева1 ПП возило и 3 пожарникари, од 12:40 до 13:15.
Охрид- С.пештани, сува трева и грмушки,1 ПП возило и 3 пожарникари 23:40 до00:00.
Тетово-С.Беловиште кон Куново, сува трева 1 ПП возило и 3пожарникари и 4 вработени од Национални шуми Шар од 08:00 до11:15.
Куманово- Автопат Скопје-Куманово, ниска вегетација, 1 ПП возило и 3 пожарникари од 19:20 до 20:25. Куманово-Пчински пат,Сува трева, 1 ПП возило и 3 пожарникари, од 14:10 до 16:00“, стои во соопштението од ЦУК.