195 санкционирани возачи во Скопје, 50 од нив возеле мотоцикли

од Nikola Popovski
167 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 195 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 50 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се 10 мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за користење мобилен телефон…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.