Ливерпул го чува својот „бисер“, потпишан долгогодишен договор

од Nikola Popovski
237 прегледи

Англискиот фудбалер Харви Елиот го продолжи договорот со Ливерпул до летото 2027 година, потврдија од клубот.

Елиот пристигна во Ливерпул во 2019 година од Фулам, а во сезоната 2020/21 играше како позајмен играч на „Црвените“ во Блекбурн.

Младиот 19-годишен фудбалер во дресот на Ливерпул забележа девет настапи во сите натпреварувања.

Елиот ги помина сите помлади категории на англиската репрезентација.

Слични содржини