Пекинг ги предупреди САД: „Борбата против повеќе од 1,4 милијарди Кинези нема да заврши добро“

од Stefanija Kuzmanovska
228 прегледи

Борбата на Соединетите Американски Држави против повеќе од 1,4 милијарди Кинези нема да заврши добро, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во интервју за локалните медиуми, чиј текст го објави министерството за надворешни работи на земјата.

„Пелоси го посети Тајван, изврши политичка провокација на Кина и создаде тензии во Тајванскиот теснец. Прекршувањето на нејзините обврски и намерната провокација по прашањето на Тајван може само дополнително да го поткопа кредибилитетот на САД. Борбата против повеќе од 1,4 милијарди Кинези никогаш нема да заврши добро“, рече Ји.

Министерот го нарече одговорот на Кина за посетата на толку висок американски политичар на Тајван разумен, рационален, неопходен и соодветен.

„Статус квото во тајванскиот теснец не го менува Кина, туку САД, кои се обидуваат да ја контролираат Кина со помош на Тајван, како и недостижните аспирации на владата на островот, која се потпира на САД во нејзината потрага по независност“, истакна Ји.

Дипломатот објасни дека контрамерките што ги презема Пекинг се насочени кон одржување на мирот во Тајванскиот теснец и регионалната стабилност. Тој нагласи и дека принципот на немешање во внатрешните работи е „златното правило“ на меѓудржавните односи.

„Мерките што ги презема Кина ги поддржуваат и основните норми на меѓународните односи, ја штитат меѓународната правда и непристрасноста“, заклучи Ванг Ји.

Слични содржини