Нов срам доживеаја фудбалерите на Манчестер Јунајтед, откако беа поразени на гостувањето кај Брентфорд со резултат 4:0.
На Дасилва му беа потребни само 10 минути да го отвори резултатот, а осум минути подоцна веќе беше 2:0 за домашните. Стрелец беше Џенсен.
Двата гола одат на душа на одбраната на Јунајтед, која лошо реагираше на двата примени гола.
Тој резултат стоеше до 30. минута, а потоа нова црна дупка за фудбалерите на Манчестер.
Најпрвин Бен Ми го зголеми водството на Брентфорд со асистенција на Тони, а Тони додаде втора асистенција во 35. минута, кога погоди Мбумбо.
Ниту Кристијано Роналдо, кој играше за Јунајтед од првата минута, не можеше да му помогне на својот тим.
Новиот срам на Јунајтед предизвика многу корисници на социјалните мрежи да гледаат на Јунајтед со потсмев.