217
Осум деца и четворица возрасни се повредени кога автобус со српски таблички паднал во ендек во Бугарија. Две лица се тешко повредени.
Според првите податоци, нема загинати, а повредени се 12 лица – осум деца и четворица возрасни. Тие се транспортирани во болницата во Стара Загора, која е најблиску до местото на несреќата.
Две лица се тешко повредени, од кои едно дете.
Според тамошните медиуми, автобусот кој превезувал патници од одморот на Црното Море паднал во ендек, а причината за несреќата се уште не е позната.
На местото на несреќата се испратени екипи на лекари од Нова и Стара Загора, противпожарната и полицијата.
На автопатот кон Софија имаше километарски сообраќаен метеж, но се создаде коридор за возила за итни случаи.