Бугарската фондација „Македонија“ на социјалната мрежа Фејсбук се пофали дека го исчистила споменикот на Гоце Делчев, кој се наоѓа во Градскиот парк во Скопје, а потоа му поставиле бугарско знаме.
„Фондација Македонија повторно го исчисти споменикот на Георги Делчев во Скопје“, пишува на фејсбук страницата на фондацијата.
Се работи за истата фондација која пред неколку месеци се пофали дека низ Скопје залепи 10.000 налепниците на кои пишувало дека сме ист народ со Бугарите.
Прв човек на оваа организација е Виктор Стојанов, кој во своето последно видео обраќање на Фејсбук се пофали дека веќе имале повеќе од 100 активисти, а повика и други да се приклучат. Најави и дека деновиве во Македонија ќе пристигнеле луѓе кои ќе ја шират нивната кауза.