Возење под дејство на алкохол, минување на црвено светло, возење без довола…150 санкционирани возачи во Скопје

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за нерегистрирани возила, четири за технички неисправни возила во јавниот превоз, три санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…