Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов приреди свечен прием на младите ракометни репрезентативци, кои го освоија ЕХФ шампионатот во Рига, Летонија, откако во финалето триумфираа против Швајцарија.
Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги пречека ракометарите и стручниот штаб, лично им честиташе и им посака среќа.
Кадетите на Стојановиќ се атрактивна репрезентација која ветува, па во иднина може да се очекува дел од овие играчи да дојдат и во сениорскиот состав.
„Голема чест, голема работа, горди сме на вас што ја вративме Македонија во елитата. Вам ви претстои светла иднина, но многу да работите, заедно да градиме успех, ова е светска работа и многу сум ви благодарен. Ние сме тука за вас да работиме како федерација, да градиме успешна приказна. Ракометот е спорт број 1 во Македонија и да продолжиме да работиме како досега. РФМ ќе побара од УО ракометарите да бидат наградени со 700.000 денари“, истакна Мукаетов.