Нема да има рестрикции ако сé оди според планот на ЕСМ, тврди Бектеши

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Рестрикции на струја нема да има, ниту се очекуваат ако сé оди според планот на ЕСМ, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Според Бектеши, во тек се редовни разговори со министерствата за енергетика на Србија и Бугарија, за да нема запирање на прекуграничните капацитети и проблеми со снабдувањето. Министерот на прес-конференција во Владата, откако ги соопшти мерките за заштеда на струја до 15 проценти, порача дека за да се намали товарот врз ЕСМ и за да се намалат сметките, во рационалното трошење струја треба сите да придонесат.

-Треба да придонесеме сите за заштеда на електрична енергија. Првичниот пример треба да го даваат институциите, а потоа тие да бидат следени од стопанството и домаќинствата. Ако се оди според планот на ЕСМ, не очекуваме да има рестрикции. И само, секако, да не се случи некоја хаварија. Разговараме и со раководствата на министерствата во Србија и Бугарија за да нема запирање на прекуграничните капацитети како во 2009 година, за да нема проблем во делот на снабдувањето на потрошувачите на слободниот пазар, а тоа се поголемите компании кои прават трговија преку интерконекторите со соседите, истакна Бектеши.

Претходно на прес-конференцијата во Владата, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски рече дека компанијата работи со максимален капацитет и оти потребите за струја на ЕВН хоум се задоволуваат исклучиво од сопствено производство.

– ЕСМ не набавува електрична енергија, само јаглен и мазут за поголемо производство на струја, подвлече Ковачевски.

Слични содржини