Пронајден пиштол со пет куршуми пред угостителски објект во Центар

од Берта Китинска

На 15.08.2022 во 23.07 часот во Полициска станица Центар е пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар, на коловозот е пронајден пиштол „Црвена застава“ и рамка со 5 куршуми кал.9 мм.

Полициски службеници излегле на местото, а од увидна екипа од СВР Скопје пиштолот е подигнат за понатамошна постапка.

Слични содржини