Мицкоски е несреќен на политичката сцена, поготово во опозиција, не знае што да прави во наредниот период и сега како главна тема ќе му биде референдумот, вели во „Жешко политичко лето“, градоначалникот на Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
Тој смета дека нема потреба од референдум.
-Референдум за кој нема никаква потреба. ГРОМ даде многу квалитетен предлог да излеземе сите што сме опозициони партии и оние од власта да потпишеме договор со којшто му гарантираме на народот на граѓаните дека доколку ни дадат поддршка дека на првата седница на парламентот ќе ја поништиме одлуката за „францускиот предлог“, но тој очигледно бега од таа работа, вели Јакимовски.
Претседателот на ГРОМ вели дека не може да соработува со Мицкоски.
-Јас немам проблем со ВМРО-ДПМНЕ, туку со Мицкоски и тој практично под кумплунг ја држи опозицијата. Негово е тврдењето дека ова е најслба власт и замислете тој 6 години не може да ја урне власта, вели Јакимовски.