Калеска-Ванчева: Струја зимава ќе има доволно, но од секој од нас зависи како таа ќе се користи (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
291 прегледи

„Со цел што полесно да се помине најтешката зима на енергетски план, Министерството за економија подготви план и препораки „Заштеда на струја за безбедна зима. Овој план е со цел потрошувачката на електрична енергија да се намали за 15 отсто споредено со истиот месец од претходната година, првенствено за да се намалата трошоците за струја, а потоа и електричната енергија да биде достапна секому и секогаш“, вели на прес-конференција, Снежана Калеска -Ванчева, пратеничка на СДСМ.

„Електрична енергија оваа зима ќе има доволно, но од секој од нас зависи како и за што таа ќе се користи.

И понатаму потребите за електрична енергија на ЕВН Хоум за граѓаните и малите потрошувачи ќе се задоволуваат исклучиво од наше сопствено домашно производство, без увоз на струја“, истакна таа.

Слични содржини