Калајџиев: Оставката на Муареми е неочекувана, во момент кога е шутнат пенал во негова полза

од Берта Китинска
207 прегледи

Сѐ уште не знаеме дали фокусот е сосема тргнат од случајот на предистрага во случајот на финансиската полиција, едно е сигурно, дека начинот на кој што се санкционирани обвинителките од Обвинителството за организиран криминал и корупција се чини престрог и несоодветен, оцени универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во вестите на Телевизија Телма.

Според него оставката на Арафат Муареми е малку неочекувана.

-Во момент кога тој шутира пенал, односно е шутнат пенал во негова полза, односно Републичкиот обвинител шутнал пенал во негова полза, со тоа што обвинителите ги ставил на обвинителна клупа, неговата позиција страшно се подобрува, малку е неочекувано што во таков случај тој поднесува оставка, вели професорот.

Калајџиев него тоа значи дека веројатно е договорено да се тргнат и едните и другите бидејќи како што додава обвинителките во конкретниот случај „го обрале бостанот“.

– Ако обвинителот пак сакал, не знаеме како, мислам дека и оваа постапка ќе се забошоти, против Арафат, ако обвинителот е сериозен, Републичкиот, дека во таа постапка се направени сериозни пропусти и злоупотреби тоа се вика злоупотреба на постапките, тогаш тој треба таа постапка да ја сопре. Ако тој мисли дека постапката е злонамерно поведена и погрешно водена и на штета на јавните интереси како што е сега утврдено со тоа што повел дисциплински постапки тогаш доследно би требало таа постапка да се запреа, додава Калајџиев.

Слични содржини