Во средата во попладневните часови избувна пожар кај Дебно врв во Словенија, објавија словенечките пожарникари на Фејсбук. Во гаснењето на пожарот покрај пожарникарите на „Противпожарната бригада на Љубљана“ учествувале и десет ДВД-а, а на помош пристигнале и хеликоптери на словенечката армија, јавува Н1 Словенија.
Во објава на Фејсбук, пожарникарите истакнаа дека теренот кој гори е многу непристапен, но и дека силниот ветер им создава проблеми. Пожарот засега не загрозува куќи или други објекти. Теренот е многу тежок. Патот до Дебни врв од правец на Залога е затворен за планинари и велосипедисти“, се вели во соопштението.