Џулијани сведочеше во истрага против Трамп: „Тоа е сведочење пред големата порота“

од Stefanija Kuzmanovska
209 прегледи

Рудолф-Руди Џулијани, поранешен личен адвокат на Доналд Трамп, сведочеше пред специјалната голема порота во округот Фултон во Атланта во кривична истрага во Џорџија за обидите на поранешниот американски претседател и неговите соработници да ги поништат резултатите од претседателските избори во 2020 година.

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (78) се појави пред законодавците од државата Џорџија во декември 2020 година, повторувајќи ги тврдењата на Трамп за украдени гласачки ливчиња и повикувајќи да не се признава победата на демократскиот претседателски кандидат Џозеф Бајден над републиканскиот кандидат Доналд Трамп, се вели во извештајот на „Ројтерс“.

„Тоа е сведочење пред големата порота, а тој вид сведочење, како што се сеќавам, е таен“, изјави Џулијани за Си-Ен-Ен кога беше запрашан да го коментира неговото сведочење.

Адвокатот на Џулијани вели дека поранешниот градоначалник на Њујорк ќе одбие да одговори на прашања кои ја нарушуваат привилегијата на односот адвокат-клиент.

Џулијани ја напушти судската зграда преку еден од споредните влезови, објавија локалните медиуми во Атланта.

Слични содржини