Тен Хаг го остава на клупа Мегваер за дербито со Ливерпул

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег, сериозно размислува да го остави капитенот Хари Мегваер на клупата за дербито против Ливерпул в понеделник. Според „Manchester Evening News“, Рафаел Варан и новото засилување Лисандро Мартинез најверојатно ќе стартуваат во центарот на одбраната против „црвените“.

Мегваер стартуваше во двата натпревари од стартот на новата сезона, во кои Јунајтед прими вкупно шест гола. Се отвораа големи празнини во одбраната на „црвените ѓаволи“, а очигледно синхронизацијата меѓу Мегваер и Мартинез од една страна и Мегваер и Далот од друга не беше на ниво.

Според споменатото издание, фудбалерите на Манчестер Јунајтед стравуваат дека пристапот на Тен Хаг не одговара на нивната моментална ситуација и претпочитаат Холанѓанецот да се обложи на попрагматична шема на мечот со Ливерпул за да избегнат нешто слично како претходните две првенствени дербија, во кои „црвените ѓаволи“ загубија со вкупен резултат 0:9.

Слични содржини