Касемиро ќе се пресели од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед? Ова прашање стана актуелно вчера по информацијата за конкретна понуда на „црвените ѓаволи“ до еден од водечките играчи на европскиот клупски шампион.
Се вели дека „Олд Трафорд“ е подготвен да му понуди двојно зголемување на платата на репрезентативецот на Бразил. Според италијанскиот новинар Танкреди Палмиери, Касемиро ќе добива 18 милиони евра годишно доколку се пресели во Јунајтед.
Самиот фудбалер нема намера да го напушти Реал, но различни извори истакнуваат дека огромната плата со која „црвените ѓаволи“ го примамуваат може да ја промени ситуацијата. Не е за потценување дека англискиот клуб му понудил на Касемиро договор до 2027 година, а неговиот актуелен договор на „Сантијаго Бернабеу“ е до 2025 година.
Според COPE, нема конкретна понуда од Манчестер Јунајтед, но „Марка“ има поинакво мислење. Авторитетното мадридско издание напиша дека понудата е вредна 60 милиони евра и Касемиро е заинтригиран од неа.
Џејми Џексон од „Гардијан“ тврди дека Реал нема да го спречи Бразилецот во случај да сака да си замине. Сè ќе зависи од неговата желба. Главниот тренер на „белите“ Карло Анчелоти може да има клучна улога. Тој ќе разговара со Касемиро и ќе се обиде да го убеди да остане во тимот.
Џејсон Бурт од „Телеграф“ истакнува дека играчот од средниот ред веќе има постигнато се со Реал Мадрид и најверојатно ќе биде отворен за нов предизвик.
Бразилецот дури и да побара трансфер, кралскиот клуб нема да бара негова замена, туку ќе се потпре на играчите на располагање.