Деле Али има понуда од Бешикташ

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Деле Али, фудбалерот на Евертон, би можел да ја продолжи кариерата во Турција.

Како што пренесуваат британските медиуми, поранешниот англиски репрезентативец и поранешен член на Тотенхем има понуда од Бешикташ.

Де Али очајно се обидува да се врати на вистинскиот пат и да ја спаси кариерата по години агонија на Островот.

Откако зимоска пристигна на Гудисон од лондонскиот клуб, на последните 13 натпревари имаше само еден старт, а на два меча оваа сезона влезе од клупата за резерви.

Раководството на Евертон конечно му даде зелено светло да преговара со турскиот клуб и се верува дека ќе биде постигнат договор во наредните денови.

Постои реална опција тој да премине на позајмица во Бешикташ, со опција за откуп на крајот на позајмицата за седум милиони евра.

Слични содржини