На прашањето дали стравува дека можеби нема не се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени,министерот за надворешни работи Бујар Османи потенцира дека во текот на разговорите со Бугарија комуницирал и со претставници на македонската опозиција и од ниедна партија не слушнал аргумент против внесување на Бугарите во Уставот
– Внесувањето на Бугарите во нашиот Устав е добро и во интерес на Македонците, на македонскиот народ и на РС Македонија, затоа што првпат институционално се дефинира однос помеѓу мнозинско македонско население и бугарската малцинска заедница. Првпат во историјата на односите имаме формално институционализирање на тој однос и го направи неповратлив и иреверзибилен. Јас ова сум го слушнал од претставници на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Османи.
Според него, дури и од претставници на ВМРО-ДПМНЕ го слушнал мислењето дека се направило грешка што Бугарите не биле внесени во Уставот кога се направија уставните измени во 2001 година, а сега ова прашање се користи за дневна политика.
– Жално е што европската перспектива, стратешките прашања на граѓаните, стандардот на граѓаните, нивната иднина, се ставаат во функција на политичката и партиската иднина на одредени политичари. Тоа е жално, изјави Османи.
Според Османи, во претстојните „15 месеци додека трае скринингот“ и додека да стигнеме до Поглавјето 23, властите ќе се обидат да ги разобличат сите тие што сакаат нивните кариери да ги стават пред стратешките интереси на земјата.